Get Adobe Flash player

Венито Комерц - За нас

Венито комерц  ДООЕЛ Увоз-Извоз е компанија основана во 1993 година од г-дин Томе Ристов. Примарна дејност на компанијата е трговија со резервни делови за градежни машини и сервис за истите. Со тек на време компанијата го прошири полето на дејност вклучувајќи го хидрауличниот сектор(пумпи, хидромотори, распоредници) и сите видови заптивки за хидраулични уреди и машински делови. Нашата продавница се наоѓа во Кавадарци на самиот излез кон индустриската зона. Кај нас можете во секое време да се снабдите со голем асортиман на резервни делови за градежните машини, трактори како и камионски делови. Во склоп на продавницата има на лагер голема палета на различни заптивни материјали (манжетни, семеринзи и о-прстени) од сите димензии и материјали, кои се користат во секојдневието за цилиндри, преси, за заптивање кај машинските делови. Нашата палета на производи ги опфаќа светските компании од овој сектор како на пр. Case, Komatsu, Caterpillar, JCB, Hitachi, Liebher, Volvo, Atlas и многу други.

Тимот на компанијата се грижи за нејзина снабденост и постојано се во контакт со сите дистрибутери, партнери од странство и директно со производителите на истите делови со цел обезбедување на цена прифатлива за нашите клиенти и пазарот во глобала. Реномето кое го имаме изградено во изминативе 19 години, ни овозможува брзо и ефикасно да дојдеме до било кој вид на резервен дел и тоа во најкраток можен рок .

Изложбениот салон, секојдневно работи од 7,30 часот наутро до 16 часот. Во истиот можете да добиете информации за  деловите кои ве интересираат, можноста да се набават ако во моментот  ги нема како и условите под кои истите резервни делови можат да се вградат во вашите машини, со наша помош и наши мајстори кои се експерти во оваа област.